„Немаш татко, мајка ти те роди по грешка па мора да те чува“: Миа Костова крена глас против булинг на синот Андрија (ВИДЕО)
Миа Костова е долгогодишно ТВ лице, кое овој период не е активна на телевизија, вели дека воопшто не ѝ недостига и живее претежно од инфлуенсерството, не се плаши од каква било друга работа која ќе ѝ донесе добар живот за неа и за синот Андрија. Секогаш е искрена и во центарот на вниманието особено кога има што да каже, па токму поради тоа на нејзините приказни веднаш се „лепат“ илјадници луѓе на социјалните мрежи. Токму со една ваква приказна, периодов е во центарот на вниманието, особено поради тоа што се работи за нејзиниот син Андрија.
Имено, изминатиот период тој се соочува со врсничко насилство или познато како булинг, некогаш вербален, а од неодамна и физички. Па токму поради овие немили настани, Миа одлучи да го крене гласот против недоличното однесување на некои деца, навика која тие најчесто ја носат од дома.
Во краткото видео таа раскажа дека првиот вербален напад бил веднаш пријавен во училиштето, поточно кога дете од одделението му рекло: „Ти немаш татко, мајка ти те родила по грешка и морала да те чува“.
Иако добила поддршка, целата приказна завршила со ветување дека „веќе нема да се повтори“, но не само што билингот се повторил, туку овој пат завршил со физички напад. Немилиот настан, опишува таа, се случил на час по физичко, кога некое дете се удрило во Андрија, а потоа му удрил бокс во стомакот.
Овој немил настан стана вирален, а Миа и Андрија добија огромна поддршка, со надеж дека овој пат, било каков вид на насилство навистина нема да се повтори.Што има да каже Миа погледнете во продолжение:
Фото:Инстаграм