Немаше поубава жена од неа: Фотографија од Тања Бошковиќ стара 40 години, ќе ви го помати умот

Добивај вести на Viber

Актерката Тања Бошковиќ беше и остана убава, а ќе останете без зборови кога ќе видите како изгледала пред 4 децении

Актерката Татјана Тања Бошковиќ и по многу децении на актерската јавна сцена плени со својата безвременска убавина, харизма и дамско однесување.

Таа до ден денес важи за една од најубавите актерки кои некогаш се појавиле на Балканската јавна сцена, но ретко кој се сеќава како таа всушност изгледала на самиот почеток на кариерата.

Нема да се изненадите кога ќе видите дека Тања и пред 40 години била неспоредлива убавица, а отсекогаш нагласувала дека вистинската убавина доаѓа од внатре.

Сепак, уште на почетокот на кариерата таа беше надежна девојка и со талент и со природна убавина.

Тања е родена на 27 јуни 1953 година во Белград. Дипломирала глума во класата на професорот Предраг Бајчетиќ, а со неа на класот биле едни од најистакнатите актери на денешницата.

Во 1974 година ја остварува првата главна улога во филмот „Кошава“, забележителни улоги оствари и во следните продукции: „Мајстори, мајстори“, „Човек со четири нозе“, „Секогаш спремни жени“, „Жива војна“, Те сакам најмногу на светот“.

Сè што ја краси Тања и денес - став, убавина, аристократско однесување - беше присутно и во нејзината младост.

Таа никогаш не криела дека тајната на нејзината убавина е прилично едноставна, и никогаш не била поддржувач на естетската хирургија.

- Жал ми е за убавите девојки кои имаа потенцијал, но направија операција и сега изгледаат како пластични хот-догови. Што се однесува до мене, цел живот се смеам и секаде шетам, тоа е тајната на мојата убавина – рекла Тања.

— Природна убавица, — Секоја чест, Тања, — Беше и останува совршена — продолжија комплиментите за убавата актерка.

Вака изгледаше познатата актерка пред 40 години:


Фото: Инстаграм / Youtube - screenshoot