Непрепознатлива: Бојана Скендеровски направи супер трансформација, сега е блондинка

Добивај вести на Viber

Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, публиката прво ја запозна како пејачка, за потоа да се пронајде во улогата на водителка, а сепак тоа што е впечатливо за неа е дека со текот на годините имаше многу транформации на изгледот.

Долго време беше препознатлова по долгата црна коса.

Првата нејзина промена беше осветлување на косата со прамени и бојадисување во кафеава.

Следејќи ги трендовите за коса, еден период имаше и „омбре“, со премин од кафеава кон руса.

По што направи уште една драстична промена, ја скрати косата и ја бојадиса во темна со црвен отсјај.

Долго време ја носеше таква, па одлучи да направи нова промена, повторно се врати на русите прамени. 

Но со најновата трансформација, е речиси непрепознатлива. Бојана сега стави надоградба и стана преубава блондинка.

Дефинитивно ова е најдоброто нејзино издание, и' прилега да биде русокоса.

Инаку Бојана со сопругот Васко ја има ќерката Искра и едногодишниот син Ѓорѓи.