Неверојатно: Модерна баба потрошила 30.000 евра за тетоважи - телото ѝ личи на сликовница (ФОТО)
Бабата, чие тело е покриено со тетоважи е активна на социјалните мрежи и често се фали со својот изглед за кој вели дека потрошила многу пари.
Германката Керстин Тристан (56) почнала да се тетовира во 40-тите години, а денес е покриена со тетоважи - шарени дизајни, вклучувајќи цвеќиња, пеперутки и принт на леопард... Целото тело и е покриено со уметнички дела, а таа редовно објавува фотографии на кои позира и ги покажува тетоважите.
Таа неодамна со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како изгледала пред тетоважите. Едната фотографија е направена во 2014 година, а другата во 2023 година.
Во првата нема видливи тетоважи и е облечена поскромно. Девет години подоцна и биле истетовирани рацете, торзототелото, вратот и челото. Таа, исто така има неколку пирсови, вклучително и во носот и ушите.
Керстин, која сега има интересен стил на облекување, исто така ужива во појака шминка, вештачки трепки, а има и розова лента во косата. Нејзините следбеници беа воодушевени од трансформацијата и нејзиниот нов изглед.
Фото:Инстаграм