Невеста остана вдовица еден час по венчавката: Излегле од црква да се фотографираат и се случи ужасот

Добивај вести на Viber

Невестата Џони Меј и младоженецот Тораз сонувале да го поминат животот заедно. Парот организираше голема прослава на која го поканија не само семејството, туку и бројните пријатели, а таму беа и нивните деца, возбудени што родителите ќе си ги разменат заветите.

Опкружени со своите најблиски, тие со нетрпение разменија завети на 1-ви јуни, ден кога и било роденден на нивната баба. Нивните пријатели спомнаа дека двојката со нетрпение очекува да си дадат заветиоткако поминале низ две последователни загуби, меѓу кои и смртта на таткото на невестата.

Очи исполнети со соништа за заедничка иднина, Џони Меј и Тораз од Омаха, Небраска застанаа заедно пред олтарот, каде сакаа да ја потврдат својата љубов пред свештеникот.

- Тоа беше најсреќниот ден во животот на Тораз. Можев само да ја видам насмевката на неговото лице и колку е среќен - коментира Моника Милер, која работи со Џони.

Џони Меј има посебно место во локалната заедница, таа беше директорка на организацијата „ECO Supportive Living“ за помош на лица со посебни потреби и стари лица.

- Не е важно колку е часот или која е потребата, Џони Меј е секогаш подготвена да помогне - нагласи една нејзина колешка.

Тоа беше нејзиниот голем ден, денот за кој Џони Меј сонуваше уште од мало девојче. Сите се собраа во црквата за да бидат сведоци на посебниот момент на парот.

По завршувањето на церемонијата, парот излегол надвор за да се фотографира, меѓутоа, одеднаш срцето на Тораз престана да чука. На само 48 години трагично го загуби животот.

- Неговото срце застанало во 4 часот и 35 минути, само еден час откако започнала церемонијата - објасниле тие.

Неговата нова сопруга остана со чувство на тага, целата нивна заедничка иднина исчезна за неколку секунди.

– Се омажи и за еден час стана вдовица – коментира семеен пријател.

Џони Меј го посвети својот живот на помагање на другите, со посебна цел да ги заштити најранливите членови на заедницата.

- Сакам само заедницата да биде со неа и сите ние да ја поддржуваме на ист начин како што тоа го правиме секој ден - рекол еден од пријателите.

Трагичниот настан ја остави Џони скршена, но нејзините пријатели и помагаат и прават се што е во нивна моќ да ја поддржат на секој начин.

Фото: Фрипик
Извор: zena.blic.rs