„Никогаш не дозволувајте да сакате некого повеќе од себе“: Моќни мудрости зборови од Хопкинс

Добивај вести на Viber

Исклучително е важно да разбереме што всушност сакаме во животот, односно што сакаме да правиме. Кога ќе станеме свесни за овие желби, стануваме подготвени да ги вложиме нашите напори, срце и енергија за да ги постигнеме нашите цели.

На пример, Американците често ја користат изреката „Никогаш не вели никогаш“, што значи дека веруваат дека ако се трудиш доволно, ќе успееш, без разлика на полот и расата. Инспирирани сме и од мудрите зборови на познатиот актер Ентони Хопкинс кој вели: „Оставете ги настрана сите тие мисии, управување со времето и деловните планови. Сето тоа се работи кои немаат врска со реалниот живот. Само уживајте во секој ден и ќе имате среќен живот“.

Тој верува дека вистинскиот успех не лежи во богатството и славата, туку во правењето на она што не‘ исполнува. Хопкинс, кој има 86 години, не е ни блиску до пензија бидејќи верува дека има уште многу да понуди на општеството и филмската индустрија. Ќе се потрудиме да се водиме од неговите зборови и идеи.

„Никогаш не дозволувајте да сакате некого повеќе од себе“, истакнува Хопкинс. Овде е нагласена важноста на здравата себичност. Ако не се сакаме и цениме себеси, можеме да станеме товар во нашата љубовна врска и партнер. Здравата себичност не е нарцизам, тоа е самопочит. Кога имаме здрава доза на самодоверба, нашите односи со партнерите и луѓето околу нас стануваат посилни, бидејќи другите не‘ ценат исто колку што ние самите се цениме.

Хопкинс не‘ потсетува да користиме помалку зборови и да не губиме време објаснувајќи им се на другите. Луѓето често ќе го слушнат само она што сакаат да го слушнат и што им одговара, без оглед на нашите намери. Затоа, се исплати да бидеме повнимателни со зборовите и да дозволиме делата да зборуваат наместо нас. Кога зборуваме помалку, слушаме повеќе.

„Не трошете го својот живот барајќи ја вистината. Сè што ќе откриете е дека нема вистина. Живејте и уживајте во животот без да ја доведувате во прашање неговата убавина", ни вели Хопкинс. Понекогаш стануваме премногу зафатени барајќи одговори и вистина за се‘ што не опкружува, а всушност животот и самите настани се токму она што треба да го доживееме. Со трпение и набљудување, животот ќе ни ги открие причините поради кои одредени настани и луѓе се појавиле во нашиот живот.

Конечно, Хопкинс не‘ поттикнува да гледаме на животот како да гледаме филм. Кога ќе стигнеме до крајот, нема да имаме прашања бидејќи ќе бидеме свесни дека сите настани и личности што се појавија во нашиот живот имаа своја цел и придонесоа за нашето патување. Да се ​​потсетиме дека секој ден е подарок и да уживаме во убавината на животот без премногу прашања и сомнежи.


Фото: Youtube - screenshoot