Никогаш не прифаќај помалку од она што си го заслужила: Анета Молика со роденденски совет до ќерката Моника
Анета Љумаковска, познатата пејачка од групата Молика, по повод роденденот на ќерката Моника сподели фотографија и порака на која напиша:
„Душо моја најмила, ти посакувам да бидеш силна, во животот ќе сретнеш секакви луѓе, некои ќе те сакаат помалку, некои повеќе. Ќе наидуваш на пречки но ќе ги надминеш со твојата сила и никогаш не прифаќај помалку од што си го заслужила. Среќен роденден мила моја. Те сака мама.“ - гласи пораката на Анета до ќерка си.
Таа летово претрпе голема промена во својот живот кога после две децении се разведе од нејзиниот сопруг Џими, менаџер на нивниот бенд „Молика“, со кого ја имаат ќерката Моника.
Моника убавината ја наследила од мајка ѝ.
Според последните неколку објавени фотографии на Анета забележуваме промена кај неа.
Го сменила имиџот и има нова фризура која признаваме дека одлично ѝ стои.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Анета Љумаковска