Никој не веруваше дека толку долго ќе издржат заедно: Џенифер Лопез и Бен Афлек ја прославија првата годишнина од бракот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иако со месеци се шпекулираше дека односите меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек не се баш најдобри, Џеј Ло успеа да го докаже спротивното. Пејачката и актерот денес ја слават својата прва годишнина од брак, а по повод овој среќен настан таа сподели две слики од венчавката и испрати емотивни зборови до својот сопруг.

„Драг Бен, седам овде сама и гледам во мојот прстен. Преплавенa со емоции, сакам да запеам. Како стигнавме овде, без премотување назад. Ова е мојот животот“, напиша Џенифер.

Да потсетиме, тие беа заедно на почетокот на 2000-та, па дури и се верија, но сепак решија да раскинат непосредно пред свадбата.

Како што објаснија, таа одлука ја донеле затоа што не можеле да се носат со толкавото внимание на јавноста и фактот дека луѓето се заинтересирани за секој нивни потег, па секој тргнал по својот пат.

Меѓутоа, љубовта била посилна, па после 17 години се смирија и ја обновија романсата, а потоа тајно се венчаа.

 Фото:youtube/screenshot