Никол Кидман по долг период ги покажа ќерките: За мене не постои двоумење помеѓу деца или кариера

Најважно и за тажни и за весели моменти е покрај вас да ги имате своите најблиски. Дека верува во оваа изрека покажа австралиската актерка која се појави опкружена со своето семејство на виртуелното појавување на Златните глобуси.

Иако тие вообичаено не се појавуваат заедно на јавни настани, Никол Кидман (53), sвездата на ТВ серијата „Слом“, ја искористи можноста што годинашните Златни глобуси поради пандемијата на коронавирусите беа претежно организирани преку виртуелно јавување. Па така, пред доделувањето на наградите за најдобра актерка во ТВ-драма, таа се појави виртуелно од нејзината дневна соба во куќата во Нешвил, во која живее со години, и беше придружувана од нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан (53) и нивните две ќерки Роуз (12) и Фејт Маргарет (10). Таа не ја освои наградата, бидејќи за најдобра актерка беше прогласена Ања Тејлор-Џој со улогата во ТВ серијата „Дамин гамбит“, но Кидман во никој случај не беше незадоволна. Семејната среќа сепак и е поважна од филмските награди.

Иако не мораше да го напушти сопствениот дом за да се појави на Златните глобуси, актерката сепак се облече како да оди на вистински црвен тепих. Таа носеше прекрасен црн фустан од Луј Витон украсен со златни детали, а со својот изглед се пофали и на својот профил на Инстаграм, каде и се заблагодари на модната куќа, како и на нивниот главен дизајнер Николас Гескиер.


„Во нашето семејство, жените се мнозинство. Понекогаш Кит мора да побегне со неговата гитара. Само забележувам дека го нема, и по кратко пребарување го наоѓам како свири гитара. Тогаш знам дека морам да му дадам простор“, рече Кидман за семејството и животот со кантри музичарот, со кого се омажи во 2006 година.


Среќа по распад на љубов и семејство

За Кидман тоа е втор брак. Прв пат актерката рече „Судбоносно ДА“ во 1990 година со холивудската sвезда Том Круз, и иако тие за време на нивниот брак посвоија две деца, ќерката Изабела Џејн во 1992 година и синот Конор Ентони во 1995 година, нивната љубов заврши во 2001 година, јавноста не ја дозна вистинската причина за крајот на нивниот брак.

Затоа е разбирлива среќата на актерката што најде нов маж на кого му го даде своето срце, но и што основа семејство со него и добија две прекрасни девојки. Таа зборуваше за тоа во 2012 година во ексклузивно интервју за „Глорија“. 

„За мене, не постои двоумење помеѓу децата или кариерата. Еднаш решив дека моето семејство е на прво место, тогаш сè друго ќе се реши самостојно. Тоа значи дека постојат одредени улоги што не можам да ги прифатам и тоа не е проблем за мене. На пример, неодамна ми беше понудена привлечна улога во шоу на Бродвеј и веднаш ја одбив затоа што знам дека не можам да го преселам целото семејство во Њујорк за половина година. Имам девојки на возраст од една и три години и приоритет ми е да ги ставам во кревет секоја вечер и да им раскажувам приказна за добра ноќ. Снимањето филмови ми овозможува пофлексибилен распоред, па успеав да ги вклопам во семејниот распоред. За среќа имам сопруг со кого можам да договорам сè. Пред да се согласам со улогата, му го земам распоредот и гледам дали можам да му ги бутнам одговорностите. Но, ниту една улога не е доволно привлечна за да ме оддели од семејството" кажа Никол Кидман.


Фото: NBC/BACKGRID/BACKGRID UK/PROFIMEDIA / 

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Непрепознатлив: Како изгледа денес синот на Том Круз и Никол Кидман