Никола Петров е мајстор за Рубикови коцки – ги решава и со затворени очи

Добивај вести на Viber

Кога Никола побарал да му ја купат првата Рубикова коцка, не помислиле дека толку ќе се фокусира на решавање на оваа загатка

„Погледни, средните делови се статични, не се вртат. Сега прво ќе треба да се направи крст со иста боја на една страна. Така најлесно ќе почнеш да ја решаваш Рубиковата коцка“, навлезе во објаснувањето единаесетгодишниот Никола Петров од Кавадарци. Со големо трпение ни покажа како најбрзо и со најмалку чекори да се намести добро измешаната, сложена коцка. Се изгубивме попат, но секако го ислушавме докрај. Коцката ја вртеше брзо, а прстињата му летаа подбутнувајќи ги подвижните делови. Задоволен и затоа што може да си ја презентира вештината и затоа што има некого да го научи, ја реши за околу една минута. Инаку, му требаат помалку од 10 секунди.

Мене никогаш не ми е досадно

– Ете, не е тешко. Побавно ја решив зашто објаснував. Да знаете, за полесно решавање, на интернет има алгоритми со име. Се учат лесно и кога ќе решавате, само ќе ги користите. Треба само да меморизирате. По некое време и поставеноста на коцките се памети и така се решава – објаснува Никола.

Тој учи во Основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци. Има 63 коцки и главно со родителите ги нарачува на интернет. Во ранчето со себе донесе дваесетина, оние што му се актуелни во моментот. Тој и Ѓорѓи, нашето друго гостинче, не знаеја која попрво да почнат да ја решаваат. По неколкуминутна дискусија се договорија со кои ќе се натпреваруваат, а задачата на другите беше еднакво да бидат измешани.

Целиот текст читајте го на деца.мк.