НИСКИОТ ОПФАТ НА ВАКЦИНАЦИЈА Е РИЗИК ЗА ИЗБУВНУВАЊЕ НА РАЗНИ ЕПИДЕМИИ: „Со научни докази против теориите на заговор за вакцините“

Добивај вести на Viber

Ризикот од враќање на старите болести во Македонија расте поради се помалата заинтересираност за вакцинација против заразните заболувања. Според лекарите, и последните случаи на потврден пертутис, или кај народот позната како црна, магарешка, голема кашлица е последица на нискиот опфат на имунизација со потребната вакцина, односно ДиТеПер. Регистрираниот опфат за примарната вакцинација е под 90 отсто за сите вакцини – хепатитис Б (ХепБ), хемофилус инфлуенца тип Б (ХиБ), ДиТеПер/ИПВ и МРП вакцината, како и вакцинацијата против ХПВ, која бележи најнизок опфат од сите вакцини.

-Нискиот процент, особено онаму каде што имаме само 70 отсто, а некаде дури и многу понизок процент секако носи ризик од развој на епидемии од заразните болести. Генералната констатација е дека дефинитивно е паднат интересот за вакцинирање на децата и тоа по однос на сите вакцини, заради што и интензивно се работи за надминување на ваквата состојба и достигнување на онаа потребна граница за создавање колективен имунитет, а тоа е 95 отсто инунизирано население, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Во извештајот за реализација на Програмата за задолѓителна имунизација на населението за 2022 година се наведува дека намалувањето на опфатот со вакцинација е тренд присутен не само во нашата земја, туку и на глобално ниво, а последните неколку години е несомнено е поврзан со тековната пандемија на КОВИД-19.


Продолжува на Фактор.мк