НЛБ БАНКА СО ПОНУДА ЗА ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО САВА ОСИГУРУВАЊЕ

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка повторно ја прошири својата понуда на осигурителни продукти и во соработка со Сава осигурување воведе приватно здравствено осигурување, со што  ја потврдува позицијата на лидер и предводник на пазарот во Банкоосигурување. 

Грижата за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски е најзначајна, па со  овој продукт, на клиентите ќе им се овозможи користење на посебно креирани пакети за  ефикасна здравствена заштита. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу стандарден и премиум пакет во зависност од сопствените потреби и можности, кои овозможат различни покритија и ги покриваат трошоците за најквалитетно специјалистичко-амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата.

„Со воведување на овој продукт во соработка со нашиот долгогодишен партнер Сава осигурување ja доближуваме врвната здравствена заштита до сите клиенти, особено во време на светска пандемија кога здравјето е во фокусот на нашето секојдневие. Благодарение на поволните здравствени пакети кои ги нудиме, приватното здравствено осигурување станува подостапно до сите кои сакаат најдобро решение за потполна здравствена заштита, а прегледите да ги закажуваат брзо и без чекање. “ изјавија од Банката.

Во врска со оваа понуда од Сава осигурување изјавија: „Дополнителното здравствено осигурување е осигурителен продукт за коj нашите клиенти покажуваат значително голем интерес. Следејќи ја нашата долгорочна стратегија,се одлучивме да го доближиме овој производ поблиску до нашите клиенти, со цел подобро да одговориме на нивните потреби. Овој продукт овозможува користење на бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи. Отсега ќе биде достапен во сите експозитури на нашиот долгогодишен  партнер НЛБ Банка“.

Со проширување на палетата на осигурителни продукти и со доброволното приватно здравствено осигурување, Банката продолжува во проширување на својата продуктна понуда со цел овозможување сеопфатен сервис на сите финансиски услуги и целосно опслужување на клиентите.

Повеќе инфомрации за оваа понуда на НЛБ Банка и Доброволното приватно здравствено осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.