Ноле никогаш вака не реагирал на изгледот на Јелена: Објави нејзини слики од ложата и напиша моќен коментар
Го остави без здив
Четвртфиналето на Вимблдон сите будно го следеа, а тенисерот Новак Ѓоковиќ покрај мултимилионската публика, од ложата го бодреа и членовите на тимот и неговите најблиски роднини.
Меѓу нив, очекувано, беше и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, која е најголемиот поддржувач на Новак.
Јелена ги воодушеви присутните со својот летен стајлинг во пастелни бои и фустан со цветен дезен, а посебна реакција на нејзиниот изглед имаше и самиот Новак.
Ноле на својот Инстаграм профил објави серија фотографии од сопругата и не се двоумеше да коментира колку е убава Јелена.
Фото: printscreen/djokernole
- Извинете госпоѓо - ѝ напиша Ѓоковиќ, со колаж од фотографии и додаде емотикони од оган и срце.
До сега не сме имале можност да го видиме толку срдечен во давање коментари, барем не јавно, а неговата реакција за многумина е изненадување. Имено, некои веруваат дека Новак на овој начин ѝ се извинува на сопругата што годишнината од бракот ја дочекаа на Вимблдон.
Извор: www.telegraf.rs