Ноне има нова фризура: Тренди и никогаш не излегува од мода

Добивај вести на Viber

Велешанката Ноне Неделковска, отсекогаш важела за една од најубавите пејачки на македонската музичка сцена. „Џебната венера“ како што многумина ја нарекуваат периодов е во родниот град и ужива со блиските пријатели. Таа веќе 10 –тина година работи на бродови кои крстарат низ светот, па и затоа нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии од најразлични дестинации кои има можност да ги посети.

Ноне во родниот град одлучи да го промени имиџот и одбра тренди боб фризура, со темно црвена нијанса.

Боб фризурата никогаш не излегува во мода и со години е една од најбараните и многу жени барем еднаш размислувале за ваква фризура. Боб фризурата е толку сестрана што во целата палета на должини и облици секој може да ја пронајде идеалната за себе, само треба да поразговара со фризерот за заедно со него да ја пронајдат најдобрата за обликот на лицето.

Кај боб фризурите дефинитивно не вреди она „one size fits all“, односно еден боб не одговара на секој тип на лице. Од кратките, строго кратките, па до слоевитите и „messy“ фризури, опциите се бескрајни,  а изборот не е воопшто не е едноставен.

На Ноне овој избор одлично и прилега и на нејзиното насмеано лице и на целосниот изглед.

Фото: Инстаграм