Нов шок, проблеми и со Камила: Сопругата на Чарлс не може повеќе, ги одложува обврските – ова е причината
Каде што има еден проблем, другиот се јавува веднаш зад аголот. Така е барем во случајот со британското кралско семејство, па она за што се зборува е дека и кралицата Камила има проблеми, само еден месец откако Бакингемската палата објави дека Чарлс Трети боледува од рак, а малку пред тоа имал операција поради бенигно зголемување на простатата во истата болница во Лондон, каде на 16 јануари Кејт Мидлтон имаше операција на абдоменот.
Сопругата на кралот Чарлс, кралицата Камила е исцрпена од службените обврски, не може да продолжи со истото темпо, континуирано. Голем дел од обврските ги презеде по веста за болеста на нејзиниот сопруг.
Таа изврши 13 обврски по дијагнозата за ракот, на настани на кои се очекуваше да се појават и двајцата.
Кралицата Камила утре патува во странство и оваа недела ќе паузира од обврските, а ќе најде време и за семејството, пишува Daily Mail.
Таа ќе и се врати на должноста на 11 март на прославата на Денот на Комонвелтот во Лондон, кога Чарлс ќе и се обрати на јавноста преку видео порака. Познатата авторка Ингрид Севард изјави за The Sun дека кралот инсистирал неговата сопруга да се одмори:
„Тој може да види дека е исцрпена. Камила беше најмногу посветена на грижата за здравјето на нејзиниот сопруг, но таа беше и онаа која мораше да се справи со напорниот распоред на кралските ангажмани и сакаше да биде тука за него и Кејт додека и двајцата имаат здравствени проблеми. Таа секако заслужува одмор и релаксација“.
Камила е најстариот член на дворот кој се занимавал со службени должности, а кралот се се грижи за документите како и со други должности додека трае неговото лекување. Како што истакна експертот Ричард Ки минатата недела, кралското семејство има голем проблем бидејќи само четворица негови вработени членови се помлади од 70 години.
Принцот Вилијам ги продолжува ангажманите, како и војводата и војвотката од Единбург, пишува Daily Mail. За потсетување, се очекува закрепнувањето на Кејт Мидлтон да трае до Велигден, што ќе зависи од советите на лекарот.