Нова песна на Yon "Got Me All Down"

Добивај вести на Viber

Излезе новата песна на Yon "Got Me All Down". Песна чиј автор е самиот Yon. Тој е и ко-продуцент на песната снимена во Студио Подрумот, заедно со Ангел Ќосев. Оваа песна има силно блуз влијание, а продукцијата е доминантно акустична.


Стилот на Yon може да се опише како indie-pop. Со претходната објавена песна
Got Me All Down, влијанието на блузот сѐ повеќе излегува на виделина.
Другите песни на Yon: Hold Me CloseGentleWalking the Line of LoveWaste No Love и Back Around.

Yon е 25-годишен кантавтор од Скопје. Тој ја откри љубовта кон создавање музика набрзо откако почна да учи да свири гитира самиот, кога имаше 16 години. Оттогаш тој пробува и создава нови стилови за да ја достигне својата креативна ширина и својот постојан артистички развој. По создавањето на еден сет песни кои Yon ги сметаше за доволно добро спакувани за тој да се претстави пред публиката, тој почна со живи настапи. Неговиот последен настап беше на Таксират Фестивал 2020.