Нова шанса за живот: 10 месечниот Алексио си замина дома со насмевка

Добивај вести на Viber

Малиот Алексио доби нова шанса за живот.

Ова е малиот Алексио, 10-месечно бебе на кое деновиве му беше изведен тежок оперативен зафат на срцето. Тој е роден со тешка вродена срцева мана и по извршената операцијата која му го спаси животот тој конечно е дома со своето семјество.

Операцијата ја изведе тимот предводен од доц. д-р Владимир Чадиковски, единствен лиценциран детски кардиохирург во земјава, а благодарение на него и на тмот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Алексио со насмевка на лицето си замина дома.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)


Неговата интервенција, како и сите кардиохируршки интервенции на деца од 0 до 18 години, со кардиоваскуларни болести во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Фото:Инстаграм