Новак го прекина интервјуто и ѝ се обрати на мајка му, Дијана плачеше од среќа: Цел стадион ја пееше нејзината песна

Добивај вести на Viber

Каква сцена во Род Лејвер Арената

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако победи против Андреј Рубљов со 3:0 (6:1, 6:2, 6:4), а по мечот имаше нов говор кој го воодушеви тенискиот свет.

Во таа прилика Ѓоковиќ му се обрати и на Роџер Федерер, а имаше и џентлменски чин, бидејќи побара овации и аплаузи од Род Лејвер Арената за својот голем ривал.

Сепак, најемотивниот момент од интервјуто беше кога Новак го прекина интервјуто со Џим Куриер за да им се обрати на посебните луѓе во неговиот живот.

Најпрво тој му го честиташе роденденот на Миљан Амановиќ, а потоа ѝ се обрати на мајка си Дијана, чиј роденден беше на 24-ти јануари.

Новак ѝ го честиташе роденденот на мајка си јавно пред сите, и кажа дека ја сака и ѝ испрати срце од теренот.


Ова ја натера целата Род Лејвер арена да ѝ пее роденденска песна, која ја воодушеви Дијана, таа не можеше да ја сокрие среќата, па дури и солзите.