Нови 12 случаи со коронавирус за едно деноноќие: Вкупно 148 регистирирани лица во земјава
Регистрирани нови 12 случаи на коронавирус за едно деноноќие, се псоелдните информации кои ги сподели на својот фејбук профил првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче.
Целиот негов статус го пренесуваме во целост:
„Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (88)
- Дебар (40)
- Куманово (8)
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)
Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај ќе
информираме секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот“, напиша министерот.