Нови 5 позитивни пациенти, слетан авион од Брисел со луѓе со симптоми: Филипче

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција вечерва изјави дека уште 5 нови случаи се откриени денес, од кои 4 се здравствени работници. 

Со ова бројката на заболени е 31. 

Позитивен е и тестот на сопругата на веќе дијагностициран пациент. 

„Од утре во болницата во Дебар, затоа што овие лекари сепак вршеле сериозна работа, ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да помогнат“, рече Филипче.

Вели дека нема да има толеранција за сите кои нема да ги почитуваат мерките на Владата. 

Тој изјави дека во земјава со авион пристигнале луѓе од Брисел, за кои има сомнеж дека се заразени со коронавирус. 

Се прави скрининг. Ќе треба да се види дали се работи за коронавирус, или сезонски грип, а потоа ќе се одлучи дали ќе бидат изолирани дома и што понатаму. Филипче рече дека веќе има информации дека луѓето имаат  симптоми.