Персоналот е позитивен, дебарската амбуланта во карантин: Д-р Арбен Аголи

Добивај вести на Viber

Арбен Аголи, лекарот од Дебар кој пред неколку дена на својот профил на Фејсбук објави фотографија со своите колешки кои во рацете држат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома”, сега објави нова информација.

Тој вели дека и медицинскиот персонал во амбулантата во Дебар е позитивен на коронавирус и дека ќе бидат две недели во карантин.