Новинарка ја праша Пријовиќ дали би била чистачка доколку не е пејачка: Нејзиниот одговор ги воодушеви сите
Пејачката Александра Пријовиќ по успешниот прв концерт во Загреб одржа прес-конференција.
Таа на самиот почеток се осврна на помал инцидент кој се случил, кога девојка се обидела да се качи на бината, но обезбедувањето ја спречило во тоа.
- Како што секогаш се случува на концертите, момците од обезбедувањето и рекле на девојката дека не може да излезе на сцена. Кога видов дека тоа се случува, ми беше жал што таа не се качи и дојде кај мене. Но, кога и реков да дојде, не ја ни видов повторно - изјавила Пријовиќ, додавајќи дека и е многу жал што тоа се случило.
На конференцијата присуствуваа медиуми од регионот, а новинарка од Хрватска ја праша Александра што би правела доколку не е пејачка.
- Ќе те ставам во хипотетичка ситуација. Не еднаш потврдивте дека сте фантастичен пејач, потврдите постојано доаѓаат, а ме интересира ако не сте пејачка, како би заработиле за живот? Како би преживеала? Кој би бил вашиот втор план? – праша новинарот.
-Јас сум многу снаодлива, да не ја работев оваа работа, дефинитивно ќе најдов нешто. Но, ова отсекогаш бил мојот повик, знаев дека ќе бидам пејачка, немаше ништо друго за мене. Иако ме интересираат многу работи, па сигурно би успеала да се снајдам - му одговори Приовиќ.
- Последен пат ми кажа дека сакаш да ја чистиш куќата, па можеби чистачка? - додаде новинарка од Хрватска, на што Александра одговори со гордост.
- Сакам. Зошто да не? Човек се снаоѓа како знае и умее - низ насмевка рече Александра и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм
Извор: www.telegraf.rs