Новиот потег на Меган и Хари ги разгневи Британците

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари наводно сакаат крштевката на нивниот син Арчи да биде приватна, далеку од очите на јавноста. Овој потег ги разгневи Британците кои се разочарани што кралското семејство планира уште една семејна церемонија зад затворени врати со народни пари.

Експертите кои се бават со проучувањето на животите на членовите на кралското семејство ги предупредија фановите на војвотката од Сасекс и принцот Хари дека фотографиите од саботната крштевка на Арчи ќе бидат исклучиво авторизирани, а спонтаните нема да им бидат достапни на медиумите.  

Церемонијата ќе биде во кралската капела во дворецот Виндзор, информира „Дејли меил“.