Новите Samsung Galaxy A52 и A72 - врвна технологија по прифатлива цена
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd ја претстави најновата Galaxy Aсерија телефони, односно моделите A52 и A72, правејќи ги моќните иновации достапни за секого. Оваа серија на корисниците им овозможува да комуницираат и да се изразуваат со помош на врвната камера, да се препуштат на беспрекорното искуство што го нуди моќниот дисплеј и да имаат повеќе мир благодарение на отпорноста на уредот на вода и долготрајноста на батеријата. Исто така, А серијата уште повеќе ќе го прошири мобилното искуство, овозможувајќи им на корисниците да се поврзат со други Galaxy уреди, како што се Galaxy Buds Pro, Galaxy SmartTag и Galaxy Tab[1].
„Samsung сака на своите корисници секогаш да им го обезбедува она што им е најпотребно и што копнеат - и затоа нашата мисија е Galaxy A серијата да ја направиме крајната иновација достапна за секого. Моделите A52 и A72 ги комбинираат сите најдобри функции, иновации и карактеристики на Galaxy семејството, и тоа по пристапни цени“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации на компанијата Samsung Electronics.
Врвна камера во служба на креативност, комуникација и самоизразување
Samsung постави високи стандарди кога станува збор за камери за паметни телефони, а од тоа не заостануваат ни моделите Galaxy A52 и A72.
· Разновидна камера– Корисниците сега можат да прават кристално чисти фотографии и видеа, со помош на разновидната четириструка камера од 64MP. Омилените моменти од 4K видео, корисниците можат за само неколку секунди да ги претворат во фотографии со висока резолуција од 8MP, благодарение на 4K Video Snap опцијата.Покрај тоа, Scene Optimizer користи вештачка интелигенција за да постигне најдобар квалитет на фотографијата, со помош на оптимални поставки за дури 30 категории фотографии и позадини, како што се храна, пејзажи и домашни миленици.
· Стабилна слика и дење и ноќе – Без разлика дали корисниците ги снимаат најновите предизвици за танцување или трикови со скејтборд, OIS (оптичка стабилизација на сликата) има задача да ги одржува фотографиите и видеата со фокус и стабилност. Нема потреба да избегнувате фотографирање при слаба осветленост затоа што Night mode користи multi-frame обработка на фотографиите, па крајниот резултат е одличен дури и во мрак.
· Забавни додатоци – Корисниците сега можат да ги направат своите снимки уште позабавни, со помош наAR Emoji и My Filter опциите. Дополнително, можат да ја применуваат AR Lenses опцијатаод социјалната мрежа Snapchat, користејќи Fun Mode[2].
Видете и бидете видени со телефонот со супериорен екран и софистициран дизајн
Samsung ги подобрува искуството и стилот со супериорен екран и софистициран дизајн, кој совршено се вклопува и го рефлектира начинот на живот на корисникот.
· Уште побрзо и посветло– Со брзина на освежување на Super AMOLED екран 90Hz на Galaxy од A52 и A72, корисниците можат да уживаат во омилената содржина и да се движат низ социјалните мрежи, дури и кога се на отворено, благодарение на осветленоста на екранот од 800 nit.
- Пријатно гледачко искуство – Екранот поседува‘Eye Care’ сертификат[3] и автоматски ја прилагодува топлината на бојата врз основа на моделите на употреба на телефонот со помош на Eye Comfort Shield[4]технологија, за да се намали напрегањето на очите.
- Софистициран дизајн – Новата Galaxy A серија обезбедува освежен изглед, кој е истовремено едноставен и елегантен, со заоблени рабови и минималистичко куќиште на камерата.
Проширете ги искуствата благодарение на моќта на Galaxy екосистемот
Новата Galaxy A серија носи подобрено искуство на непречена поврзаност со други уреди воSamsung Galaxy екосистемот.
· Организација и поврзаност– SmartThings на Galaxy A серијата поврзува и управува со илјадници уреди во паметни домови, вклучувајќи носечки уреди, таблети, компјутери и телевизори. Дополнително, SmartThings Find може лесно да ги лоцира поврзаните уреди додека Galaxy SmartTag[5] Bluetooth локаторот може да најде дури и уреди кои не се мрежно покриени, така што локаторот ќе се прикачи на оние предмети што се најважни за корисниците.
· Непречено уживање во музиката – Без разлика дали учествувате на заеднички тренинг дома или слушате најнов подкаст со пријателите, корисниците можат лесно да се поврзат и да слушаат музика заедно. Music Share лесно го поврзува телефонот на корисникот со уреди на пријатели за да ја слушаат истата содржина. Исто така, поврзувањето на телефонот со два пара Galaxy Buds слушалки е овозможено од функцијата Buds Together.
· Едноставно следење на содржината– Quick Share им овозможува на корисниците лесно да испраќаат фотографии и видеа без ограничување на големината на Galaxy уредите во околината. Покрај тоа, во случај да се премислите во меѓувреме, Private Share[6]опцијата овозможува да ја откажете испратената содржина со само еден допир.
Очекувајте повеќе и добијте повеќе одGalaxy семејството уреди
Новата Galaxy A серија доаѓа со есенцијалните Galaxy карактеристики кои секој корисник заслужува да ги има.
· Нема грижи за уредот – Galaxy A52 и A72 се отпорни на вода и прашина[7] со оценкаIP67. Покрај тоа, Samsung Care+[8] овозможува непосредна поддршка и гарантирано покривање во неочекувани ситуации како што се оштетување, расипувања, кражба или губење на телефонот. На крај, Samsung Knox[9] е тука да се грижи за безбедноста на личните информации на корисниците во реално време.
· Дводневна батерија – Корисниците можат да снимаат, создаваат и консумираат содржина без грижа, благодарение на моќната батерија што трае два дена[10]. Батеријата на A52моделот има капацитет од 4.500mAh, додека онаа на A72 има капацитет од 5.000mAh[11].
· Уживајте во врвните карактеристики– Galaxy A52 и A72 доаѓаат со важни карактеристики на Galaxy екосистемот, како што се стерео звучници подобрени со Dolby Atmos технологијата и капацитет на надворешна меморија до 1TB[12]. Исто така, редизајнираниот One UI 3[13] обезбедува интуитивно корисничко искуство со унапредена брзина и нагласување на важни информации.
- Поддршка за одржливост – Samsung редовно ги евалуира производите и пакувањето за да открие нови начини за промовирање на одржливост. При пакувањето на Galaxy A52 и A72телефоните, се користат специјални калапи за пулпа и хартија, со цел да се намали неискористениот простор.[14]
- Софтверски ажурирања– Samsung секогаш се обидувана корисниците да им го обезбеди најновото мобилно ажурирање на оперативен систем. Така е и со новата Galaxy A серија - A52 и A72 поддржуваат три генерации на ажурирања на оперативниот систем и редовни безбедносни ажурирања што траат најмалку четири години[15].
Достапност
На домашниот пазар моделите ќе бидат достапни во виолетова, сина, црна и бела[16]боја по препорачаните цени:
· A52 LTE (6+128GB) – 20.999денари
· A72 LTE (6+128GB) - 25.999 денари
За повеќе информации за моделите, посетете ги www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a-series илиwww.samsungmobilepress.com.
Спецификации
Спецификации | Galaxy A52 | Galaxy A72 | |
Екран | 6.5” FHD+ Super AMOLED Infinity-O Екран(1080 x 2400), 90 Hz освежување на екранот | 6.7” FHD+ Super AMOLED 90 Hz освежување на екранот | |
* Infinity-O Displej: речиси без рабови, целосен преден екран. * Екранот се мери како полн правоаголник без заоблени рабови. Површината за гледање е помала поради заоблените рабови и дупката за камерата. | |||
Димензија и тежина | 75.1 x 159.9 x 8.4mm 189g | 77.4 x 165.0 x 8.4mm 203g | |
Камера | [Предна] 32MP FF (F2.2, 0.8µm) | [Предна] 32MP FF (F2.2, 0.8µm) | |
[Задна] Главна: 64MP OIS AF (F1.8, 0.8µm) Ултра Широка: 12MP FF (F2.2, 1.12µm) Макро: 5MP FF (F2.4, 1.12µm) Длабока: 5MP FF (F2.4, 1.12µm) *Zoom Digital Zoom до 10X | [Задна] Главна: 64MP OIS AF (F1.8, 0.8µm) Ултра Широка: 12MP FF (F2.2, 1.12µm) Макро: 5MP FF (F2.4, 1.12µm) Tele(3x): 8MP OIS AF (F2.4, 1.0µm) *Zoom Digital Zoom до 30X Optical Zoom до 3X | ||
AP | Octa-Core (2x2.3 ㎓ + 6x1.8 ㎓) | Octa-Core (2x2.3 ㎓ + 6x1.8 ㎓) | |
Меморија | RAM: 6/8GB ROM: 128/256GB | RAM: 6/8GB ROM: 128/256GB | |
* Може да зависи од моделот, бојата, пазарот и операторот. | |||
Проширена меморија и SIM картичка | 2 слота (SIM 1 + Hybrid) Micro SD: до 1TB | ||
* MicroSD се продава одделно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот. * SIM картицата се продава одделно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот. * Користењето eSIM на Galaxy уредотможе да биде овозможено од софтверско ажурирање или оневозможено на некои пазари. Достапноста на eSIM може да варира од операторот. | |||
Батерија | 4,500 mAh (типично) | 5,000 mAh (типично) | |
* Типични вредности се тестирани во лабораториски услови. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата кај тестираните моделите според IEC 61960 стандардот. Проценетиот минимален капацитет е 4.370mAh за Galaxy A52 и 4.860mAh за A72. | |||
Полнење | 25W брзо полнење | ||
* Кабловско полнење компатибилно соQC2.0 и AFC. | |||
OS | Android 11 | ||
Мрежа | LTE | LTE | |
* Брзината може да варира во зависнот од операторот и мрежата. | |||
Поврзување | Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4G+5GHz) Bluetooth® v 5.0 USB Type 2.0-C Локација (GPS, Glonass, BeiDou, Galileo) | ||
* Galileo и BeiDou достапноста зависи од пазарот. | |||
Плаќање | NFC MST (A52 5G KOR Only) | ||
* Достапно на одбрани пазари. | |||
Сензори | Акцелерометар, сензор за отпечаток на прстот, Жиросензор, Геомагнетски сензор, Хал сензор, Светлосен сензор, Virtual Proximity сензор | ||
Автентификација | Заклучување: шаблон, PIN, лозинка Биометриско заклучување: Препознавање на лицето, Препознавање на отпечаток од прстот. | ||
Звук | [AKG стерео звучници] Околен Dolby Atmos звук. [Ultra high quality audio playback] UHQ 24-bit PCM: Up to 24 bits [Audio playback format] MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA [Bluetooth] Dual Audio: Можност на поврзување на два аудио уреди од Galaxy A52 и A72 за да репродуцира звук на два уреди истовремено. Scalable Codec: Enhanced Bluetooth connection under ambient radio frequency interference. | ||
* Поврзаните уреди можат да репродуцираат малку поразличен звук. * Достапно само на одредени додатоци на компанијата Samsung и AKG. | |||
Видео | [Video playback формат] MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM [TV connection] Wireless: Smart View (screen mirroring 1080p at 30fps) | ||
Водоотпорнот | IP67 | ||
* IP67 оцена заснована на потопување на уредот во тест околина во вода длабока еден метар со траење до 30 минути. |
####
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.
[1] Galaxy Buds Pro, Galaxy SmartTag и Galaxy Tab се продаваат одделно.
[2]Достапноста може да зависи од пазарот и операторот.
[3] SGS, водечкасветскакомпанијазасертификација, гонаградиекранот на Galaxy A серијатасо Eye Care сертификатзаврзоснованаспособностанаекранотдагонамалиинтензитетотнасинатасветлина. Овојсертификатедостапеннаwww.sgs.com.
[4] Eye Comfort Shield еисклученприфабричкопоставувањеиморадасевклучипрекупоставкитенателефонот.
[5] Galaxy SmartTag се продава одделно.
[6] Private Share овозможуваприватносподелувањесо помош на енкрипцијата базиранана blockchain технологија, којаработипомеѓу Galaxy паметнитетелефонисо Android P илипоновоперативенсистем. Потребно е корисникотдајаимаовааапликацијанателефонзадаможедаиспраќа / прима Private Share линк.
[7] Galaxy A72 и Galaxy A52 имаат IP67 оценаврзоснованапотопувањенауредотвотестсрединавоводадлабокаеденметарсо траење до 30 минути. Несепрепорачуваза наплажа, базениливодасосапуница. Акоистурететечностштосодржишеќернателефонот, сепрепорачувадагоизмиетесочиставодасопритискањенакопчето. Телефонитесебезбедниоднизокпритисокнавода. Посилниотпритисокнаводатакакоштоеводатаодчешмаможедагооштетителефонот..
[8] Samsung Care+ е достапен во 34 држави. Достапноста може да варира во зависнот од пазарот.
[9]Достапноста зависи од уредот.
[10]Проценетоврзоснованапросечнатаупотребаодстранана Strategy Analytics вопериодот 20.01-31.01.2021. воВеликаБританијанаверзиитепредлансирањенауредите SM-A725, SM-A525, SM-A526, SM-A325, SM-A326 софабричкипоставки LTE и 5G Sub6 мрежи (несе тестиранина 5G mmWave мрежа). Траењетонабатеријатаможедавариравозависностодактивноститеинавиките.
[11] Galaxy A52 LTE има батерија од 4,500mAh, Galaxy A72 има батерија од 5,000mAh.
[12] SD картицата се продава одделно.
[13]One UI 3.1
[14] Материјатлите имаат PEFC (Programme for the Endorsement of Forest Certification), SFI (Sustainable Forestry Initiative) и FSC (Forest Stewardship Council) сертификати.
[15] *Доспатноста на ажурирањето може да зависи од пазарот. За повеќе детали посетете ја: https://security.samsungmobile.com/workScope.smsb
[16]Достапните бои можат да варираат во зависност од пазарот.
Пр објава