Новото ажурирање за HUAWEI WATCH 3 серијата нуди офлајн слушање на музика, контрола на гестови, повеќе функции во Ultra-long Battery Life режим и персонализирани видео дизајни

Добивај вести на Viber

Паметните часовници од серијата HUAWEI WATCH 3 нудат исклучителен дизајн и квалитет на материјали и изработка, како и моќна софтверска платформа, која сега обезбедува уште побогати можности со клучно ажурирање на софтверот. Тие вклучуваат нови опции за користење видео дизајни што корисниците сами можат да ги направат, офлајн слушање на музика, карактеристики за контрола на гестови, дополнително подобрување на веќе импресивниот век на батеријата и други, што ја прават серијата Huawei Watch 3 уште попривлечна и атрактивен премиум часовник.

Видео дизајни кои можете да ги креирате сами[1]

HUAWEI WATCH 3 има ултра-закривено 3D стакло, кое помина повеќе од четири часа прецизно полирање и вакуумска нано облога против отпечатоци од прсти. Благодарение на титаниумската рамка и сафирно кристално стакло, HUAWEI WATCH 3 Pro стана додаток што го одредува стилот и хармонично го надополнува секој изглед. Бројни хардверски карактеристики како што се 3D рендерирање, декодирање видеа и други системи ќе им овозможат на корисниците со паметни телефони со Android да додаваат волшебни, персонализирани видео дизајни на часовникот.За да користите видеа во траење од пет до десет секунди, треба да го ажурирате часовникот до верзија 2.0.0.179 и апликацијата Huawei Health на вашиот паметен телефон со Android до верзија 11.0.10.518. Потоа, можете да изберете видео што ќе стане дизајн за вашиот часовник. Претходно инсталирани видео дизајни можете да најдете во Huawei Health.

Уште побогат Ultra-Long Battery Life режим

Серијата HUAWEI WATCH 3 има импресивно траење на батеријата, а специјалниот Ultra-Long Battery Lifе режим му овозможува на Huawei Watch 3 Pro да работи до 21 ден[2]. Најновото ажурирање обезбедува уште поголема функционалност за работа во овој режим, со 9 претходно инсталирани дизајни, поддршка за гласовни потсетници во сите режими на тренинг, следење на заситеноста со кислород во крвта за време на прошетка и режими за трчање.Сѐ што треба да направите е да повлечете надолу од почетниот екран на часовникот и да го активирате Ultra-Long Battery Life режимот за да уживате во повеќе часови фитнес и следење начин на живот. Исто така, ќе можете побрзо да го контролирате префрлувањето помеѓу мобилната мрежа и Wi-Fi, и помеѓу Smart Mode и Ultra-Long Battery Life Mode од менито, со додавање нови кратенки.

Офлајн музика во движење[3]

Уживајте во омилените песни без да го носите паметниот телефон со вас. Серијата HUAWEI WATCH 3 им овозможува на корисниците на паметни телефони со Android да слушаат музика каде и да се, а најновото ажурирање на софтверот ви овозможува да синхронизирате веќе преземена музика од вашиот телефон со часовникот за офлајн музичко доживување.

Нова функција за контрола на гестови

Дали некогаш сте барале нови начини за навигација на вашиот паметен часовник без да го допрете? Најновото ажурирање додава нова функционалност на серијата HUAWEI WATCH 3 преку поддршка за контрола на гестови. На овој начин, часовникот сега може да препознае кога корисниците стегаат и ја пуштаат тупаницата за да одговорат на повик, или го вртат зглобот на страна за да го запрат звукот на дојдовниот повик.

Серијата Huawei Watch 3 е компатибилна со паметни телефони со Android и iOS, со кои се поврзува преку апликацијата Huawei Health и функционалноста на двете платформи може да се разликува. Корисниците на паметни телефони со iOS можат да ја преземат апликацијата Huawei Health од AppStore и паметните телефони со Android - од продавницата за апликации на Huawei - AppGallery. Таа е претходно инсталирана на уредите Huawei, а секој корисник на Android може да ја преземе од https://appgallery.huawei.com/#/Featured.

ПР објава


[1] DIY видео дизајните не се поддржани на паметни телефони со iOS

[2] Времетраењето на батеријата на HUAWEI WATCH 3 во Ultra-long battery life режим е 14 дена, а на HUAWEI WATCH 3 Pro 21 ден во следниве ситуации: активиран Ultra-long battery life, фабрички зададени поставки, следење на отчукувањата на срцето, активиран HUAWEI TruSleep™, 30 минути Bluetooth повици секоја недела, 90 минути тренинг секоја недела (со вклучен GPS), вклучени известувања за пораки (50 СМС пораки, 6 повици и 3 аларми дневно), а екранот се вклучува 200 пати на ден.

[3] Офлајн музиката не е поддржана на паметни телефони со iOS