Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Добивај вести на Viber

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите и можностите што ги нуди. Сѐ повеќе луѓе го согледуваат животното осигурување како најдобар облик на штедењеи осигурување, кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено сигурност и заштита од финансиски загуби при можни ризици и несакани настани.

Овој тип осигурување е наменет за луѓе што размислуваат за својата и иднината на своето семејство. Животното осигурување е долгорочно решение, кое нуди комбинација од најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Преку долгорочно штедење, животното осигурување обезбедува социјална сигурност и зачувување на животниот стандард во подоцнежните години.

Станувајќи осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување во Кроациа осигурување - Живот, се стекнувате со право на користење на КРОАЦИА КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која ви овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Кроациа Осигурување - Живот и вашата картичка за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од 250 локации низ цела држава.

Право на користење на картичката за лојалност имаат сите полнолетни осигуреници на Кроациа Осигурување – Живот, а со приложување на картичката за лојалност користите однапред дефиниран попуст на локациите објавени овде.

Доколку сѐ уште не сте добиле картичка за лојалност, можете да ја нарачате преку вашиот осигурителен брокер или директно на e-mail адресата info@cro.mk. 

ПР Објава