Облечена во фустан од вештачки нокти! Вереницата на Безос шокираше со својот изглед, ова досега не е видено (ФОТО)
Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, го привлече вниманието на многумина со својот необичен стил и неверојатен изглед. Сега таа облече необичен фустан кој е направен од ни помалку ни повеќе туку вештачки нокти.
Сето тоа го објави на социјалните мрежи и благодарение необичната креација со која го истакна деколтето собра секави критики. Но, не може да се занемари фактот дека таа има 54 години и изгледа фантастично!
Имено, таа позираше во краток фустан на модниот бренд Schiaparelli кој беше направен од вештачки нокти. Изгледот го комплетираше со едноставна шминка, фенирање на косата и дијамантски обетки. Таа на состанок позираше заедно со нејзината пријателка Наташа, која носеше иста креација.
Фустан направен од вештачки нокти
Коментарите под фотографијата само продолжија да доаѓаат и беа главно позитивни. Вистина е дека многу ретко се случува жена на таа возраст да изгледа толку добро, секоја креација да и стои одлично.
- Ти си убава! Се прашувам дали фустанот навистина е целосно направен од лажни нокти во црвено. Само сум љубопитна – и напишала една девојка во коментарите на Инстаграм, на што Лорен одговорила потврдно.
- Како изгледате, совршено, а овој фустан е исто толку уникатен како и вие - велат во друг коментар.
- Изгледа си полудела по пари - беше третиот.
Папараците неодамна ја фотографираа додека се вози на џет ски во Грција. Нејзините тренирани мускули беа во преден план, а таа собра многу комплименти. Сепак, вежба по 5 часа дневно и колку и да има ботокс, телото и е за секоја пофалба.
Лорен Санчез дефинитивно покажува дека можете да изгледате неверојатно на која било возраст.
Извор: ИнформерФото: Инстаграм