Актуелно // Insta вести
„Очи вселена мои“: Сара Мејс за првиот роденден на синот Кирил напиша песна
Среќа во домот на Атанасовски
Втората среќа на харфистката Сара Мејс и и маркетинг менаџерот и водител Димитар Атанасовски денес слави прв роденден.
За првиот роденден на Кирил, мама Сара му напиша песна, која ја сподели на Инстаграм стори со следбениците.
„Една насмевка ме буди од сон,
И пополека ме бутка од стол,
Па ме носи високо до небо,
Каде ѕвезди има рој
Реф:
Очи вселена
Сино зелена е
Цела Шарена
И моја
Во боја...“
А малиот Кирил откако ја слушнал и се намевнал на мајка си, како потврда дека е добра песната.
„Среќен роденден Кирил. Универзуме мајкин! Среќо моја неизмерна. Комплетирање мое медено. Срце благо и добро. Очи вселена мои. Најсреќни и најсветнати да ти бидат секогаш тие очи магични!“, напиша Сара покрај објавата.
Фото: Инстаграм - Сара Мејс
Време е за трето бебе: Димитар Атанасовски јавно ја прозва Сара Мејс (ФОТО)