ОД „БЕЈБИ БЛУЗ“ ДО ПОСТПАРТАЛНА ПСИХОЗА: Што е всушност поспородилната депресија, д-р Коруноски за Фактор

Прашањето за постпородилната депресија се отвори по немилиот настан кој се случи завчера на Клиниката за гинекологија и акушерство, кога 39 годишна, тукушто породена мајка се обиде да се самоубие скокајќи од првиот кат на оваа јавна здравствена установа. Во обид да дадеме прецизни одговори за ваквата состојба, која на глобално ниво погодува од 15 до 23 отсто од мајките, Фактор поразговара со еден од најпознатите гинеколози во земјава, при. Д-р Васо Коруноски. Според литературата, постпородилната депресија е серија на емоционални и промени во однесувањето кај мајката кои можат да настанат по породувањето, а се припишуваат на многу биохемиски и психолошки промени поврзани со породувањето. За ова нарушување постои и друга терминилогија и уште се нарекува „постнатална“ депресија.

- Оваа состојба не може да се открие во текот на бременоста. Сето мое долгогодишно искуство покажува дека жените трудници, особено оние кои ја планирале бременоста се среќни при контролните прегледи, се радуваат на своето бебе уште од најраните недели. Во оваа насока, сакам да истакнам дека точната причина за постпородилната депресија сè уште не е целосно позната. Според некои истражувања, причината за постпородилната депресија треба да се бара во наглото намалување на нивото на хормоните во телото на мајката по породувањето. За време на бременоста, нивото на естроген и прогестерон е до десет пати повисоко од нормалното, а потоа во рок од три дена по породувањето, нивото на овие хормони, како и на ендорфините, кортизолот и пролактинот паѓа на нивоа пред бременоста, нагласува д-р Коруноски во разговорот.

Појаснува и дека биохемиски промени во телото на мајката, се проследени и со психолошки промени кои уште повеќе ја зголемуваат веројатноста за постпородилна депресија.


Детали на Фактор.мк