Од Охрид до Дубаи, Грција, Италија...: Како познатите Македонци го слават 1-ви мај (Фото)
Меѓународниот ден на трудот 1-ви мај се одбележува децении наназад во знак на сеќавање на 1-ви мај 1886 година кога повеќе десет илјади работници излегле на улиците во Чикаго, барајќи подобри услови за работа. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата при што имало и жртви.
Во чест на загинатите во 1889 година е донесена декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Сепак, кај нас овој празник се „прославува“ како ден одмор, скара и добро друштво, а за оние со подлабок џеп, можност за одмор од работните обврски и заминување на некоја егзотична дестинација. Па водејќи се по ова „правило“ и нашите познати не ја пропуштија приликата, да го искористат првото мајско сонце далку од дома.
Ламбе Алабакоски
Мина Блажев
Викториа Лоба
Нора Шакири
ТајзиВладимир Блажев - Панчо
Маријана Станојковска
Лила Филиповска
Ирена Спировска
Стефан Лазаров