Од убави поубави: 5 божествени фустани кои внуката на принцезата Дајана ги носеше на нејзината свадба од бајките (ФОТО)
Внуката на принцезата Дајана се омажи за Мајкл Луис во Рим, Италија, а една венчаница не беше доволна за гламурозна прослава!
Лејди Кити Спенсер, ќерка на Чарлс Спенсер и внука на принцезата Дајана, се омажи за 31-години повозрасниот богаташ Мајкл Луис. Прославата се одржа во вила во близина на Рим и не е доволно да се каже дека сè беше чудесно, од амбиентот до венчаницата.
Кити носеше викторијанска венчаница со потпис на Долче и Габана како принцеза и изгледаше совршено: бела тантела, огромен вел, надуени ракави...
Тоа не беше сè кога стануваше збор за стајлингот на Кити. Една венчаница, колку и да е елегантна, не беше доволна! Кити се смени уште 4 пати и покажа уште 4 божествени фустани од модниот бренд чие заштитно лице е - D&G.
Прво, ноќта пред венчавката, Кити носеше светлосин фустан од линијата Алта Мода, со цветни мотиви и накит што го комплетира впечатокот: По церемонијата, таа облече свилен фустан украсен со украси од везени цвеќиња и кристали, во кои доминираше зелената. Вечерната забава беше повод Кити да облече коктел фустан со златни и сребрени детали, а наредниот ден дојде редот на бајковит фустан украсен со цвеќиња, светки ...
Кој ви е омилен?