Здружение за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка“ – Скопје оваа година ја поддржува кампањата на Аутизам Европа која гласи "Нови динамики за аутизмот". Се проценува дека 7 милиони луѓе се во спектарот во Европската Унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација на различни полиња од животот. Со цел да одговориме на дневните предизвици со кои се соочуваат лицата со аутистичен спектар на нарушување се приклучуваме кон Европската кампања за 2019 година, заедно со 90 организации во 26 европски држави. Ве охрабруваме да го направите „симболот за аутизам“ како поддршка да се промовира социјалната инклузија и прифаќање на различноста. На 2 Април ќе ја подигнеме свесноста за аутизмот преку едукативно дружење во ресторанот Umbrella со родителите на децата со аутизам на тема "Однесувањето на децата со аутизам". Предавањето е дел од ESIPP проектот и претставува негова одржливост. Исто така, родитолите кои ќе дојдат ќе ја добијат книгата Аутизам-Да се биде професионален родител од проф. д-р Олга Богдашина која беше наша гостинка на 20ти Март и го одржа семинарот Истражување на сензорниот свет на аутизмот. |