Одлични резултати на ВФП Фонд Менаџмент во 2020 година

Добивај вести на Viber

Инвестициските фондови во нашата земја се повеќе го побиваат општото мислење дека инвестирањето е само за индивидуи со висок капитал, па граѓаните полека почнуваат да го напуштаат традиционалниот начин на штедење. ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, Друштво за управување со отворени инвестициски фондови, има повеќе од 45 милиони евра под управување и е доказ дека довербата на граѓаните во однос на инвестирањето се зголемува.

И покрај предизвиците со кои сите се соочивме во текот на оваа година, друштвото бележи над 4.500 инвеститори кои ги имаат доверено своите средства на управување. Во фондовите инвестираат различни типови на инвеститори како правни лица и високоимотни индивидуи, но и многу граѓани со пониски примања. Како високорегулирана дејност, потенцијалот за развој на фондовската индустрија воМакедонија е огромен, а ВФП Фонд Mенаџмент се повеќе се фокусира на искористување на тој потенцијал.

Финансиската криза оваа година влијаеше врз перформансот на сите институции. Меѓутоа, со последните анализи на 26.11.2020 година, ВФП Фонд Менаџмент расте со поголема стапка на раст од стапката на раст на индустријата во последните две години. Од основањето на фондовите на ВФП Фонд Менаџмент до денес, остварени се над 3,8 милиони евра додадена вредност на средствата на инвеститорите. Притоа, дури  60% од овој износ му припаѓа на ВФП Премиум Инвест,кој и понатаму е најголемиот акциски фонд во државата.

Фокусот на квалитетот на бизнисите од аспект на нивната моментална вредност и идниот потенцијален раст е клучен во креирањето на профилот на компании во кои се вложуваат средствата од ВФП Премиум Инвест. Тоа се компании кои имаат стабилни бизниси и се ниско задолжени или исплаќаат атрактивни дивиденди. Овој фонд досега има примено над 1 милион евра дивиденди. Моментално, инвестициите се најмногу изложени на најголемата европска и трета во светски рамки котирана софтверска компанија SAP SE, чија дивиденда бележи нагорен тренд, независно од тековната ситуација. Овој податок е битен фактор за инвеститорите во овој фонд, бидејќи тие заработуваат од исплатените дивиденди на компаниите кои се дел од овој план.Меѓу останатите 134 компании во кои што вложува ВФП Премиум Инвест спаѓаат иNestle, Novo Nordisk A/S, Apple Inc, Roche Holding AG, Sanofi и LVMH SE, сите добро познати брендови за секој од нас. 

И покрај кризата која доведе до далеку пониска цена на уделот во однос на истиот период претходната година, дури 92% од инвеститорите кои не направиле никаков откуп во овој фонд се со позитивен учинок и нивните удели во компаниите вредат повеќе отколку што платиле за нив. Ова се должи на препораките од искусните менаџери на фондот, кои не се водат од краткорочните трендови на пазарот, бидејќи тоа води кон пониски приноси, туку сметаат дека редовното и долгорочно инвестирање е најоптимално.

ВФП Фонд Менаџмент може да се пофали и со својот обврзнички фонд ВФП 100% Бонд, чиј удел периодов се врати на ниво повисоко од пред почетокот на пандемијата и се очекува да се движи со стабилен нагорен тренд. Според тоа, вредноста на уделите на сите инвеститори кои не направиле откуп е повисока во однос на уплатената. Во време на ниски каматни стапки, овој фонд може да испорача солиден принос за инвеститорите, имајќи го предвид релативно нискиот ризик кој го преземаат.

Понатаму, фондот ВФП Кеш Депозит продолжува да ја врши ликвидносната функција остварувајќи повисоки приноси од депозитните. Останува идеално решение за инвеститорите кои претпочитаат средствата примарно да им бидат пласирани во банки и кои имаат за цел да менаџираат со својата тековна или среднорочна ликвидност, а друштвото има добра побарувачка и за управување со персонализираните портфолија за високоимотните индивидуи.

Во изминатиот период, согласно условите, се спроведуваа онлајн презентации за постигнатите резултати на фондовите со цел да се негува транспарентен однос и да се одржи контактот со инвеститорите. Ваквиот начин на работење се покажа како добра практика за компанијата, поради што ќе се применува и понатаму.

Во наредните месеци, ВФП Фонд Менаџмент целат кон пласирање на нови продукти. Компанијата го одржа и традиционалниот настан “WVPKidInvest 3” кој се организираше трета година по ред. Поради моменталните услови поврзани со пандемијата, настанот се одржа онлајн на 12.12.2020  година. Настанот беше од едукативна придода и наменет за членови над 8 години кои можеа да научат повеќе за вредноста на парите и моќта на штедењето и инвестирањето. Подготвени беа интересни интерактивни содржини со кои се продолжи успешноста на настанот, а во наредните денови следува и видео со сегменти од истиот.

За компаниите во кои вложува акцискиот фонд ВФП Премиум Инвест може да прочитате на следниот линк: https://www.wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-companies/, додека исплатените дивиденди може да ги видите на https://www.wvpfondovi.mk/mk/dividends/?fund=wvp-premium.


ПР објава