Согласно прогласените денови на жалост поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи вчера во Бугарија, во која животот го загубија 45 македонски граѓани, се одложува одржувањето на Фестивалот на италијанска храна.
Наместо овој викенд (27 и 28 ноември), настанот ќе се одржи наредниот викенд на 4 и 5 декември, на истата локација, во Скопје на плоштад Македонија.
Фото: фреепик