Одмор на Малдиви со дете е одмор од соништата: Блогерката Теа од Скопје за искуството од одморот со двегодишниот син и сопругот

Добивај вести на Viber

Tеодора Ѓикова Ќосева од Скопје, по професија UI/UX дизајнер, со својот сопруг и двегодишниот Давид е на двонеделен одмор на Малдиви

Оваа мајка преку интересни фотографии го споделува нивното секојдневие на Инстаграм, па така овој пат раскажа за нивното преубаво искуство од Малдиви, како одмор од соништата дури и кога сте со дете.

Одмор на Малдиви = одмор од соништата. 


Иако Малдиви e познат по романтични одмори, патувањето до Малдиви со дете е одлична опција за мирен и релаксиран одмор. Патот до Малдиви навистина знае да биде напорен, патувавме скоро 24 часа. Патот е долг и напорен па дури и за нас возрасните.
Летавме Скопје - Истанбул, Истанбул - Мале. Од Мале до остовчето на кое сме сместени, патувавме со speed boat дополнителни 30-40мин.
Најтешко беше да ги поминеме 8те часа пауза на аеродромот во Истанбул, се друго беше лесно. Бев спремна со книга, боенки, колички, но искрено ништо од тоа не искористивме. Давид беше возбуден за авионите и претежно нив ги гледавме и разговаравме како вечер повторно ќе летаме. Нормално е дека имаше периоди на нервоза, oсобено со чекање лет на аеродром, но дете како дете исто така брзо си наоѓаше друга занимација, па успеа да си ја фати и попладневата дремка.
Патот го заборавивме првите 5мин откако стигнавме на островот. Ова не беше наше прво подолго патување и мислам дека сите супер го поднесовме.

Кога пристигнавме, сите убаво се одморивме, а потоа продолживме со нашата секојдневна рутина. Давид си легнува веднаш по вечерата, околу 21:00 часот по тукашно сметање на времето и станува во 7-8 часот наутро, што е сосема исто како и во Скопје.

Во резортот целосно уживаме во нашиот одмор. Секој ден, наутро, попладне и навечер има различни активности и работилници за деца. Има игротека за деца, игралиште, базент каде што има и дополнителни активности, а навечер се организира кино или диско забава за деца.

Дефинитивно Малдиви е место за опуштен одмор. Уживаме во мрзливите денови покрај плажа, пиејќи кокосова вода или некој коктел, додека Давид прави замоци од песок и ужива во забавни игри на плажа.“