Официјален старт на третата генерација A1 WayUp, платена практикантска програма на А1 Македонија

Добивај вести на Viber

А1 Македонија трет пат по ред ги отвори вратите за 15 млади таленти кои својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

A1 WayUpе специјално креирана практикантска програма која овозможува практичноучење и стекнување на нови дигитални вештини штосекако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното образование. . A1 Way Up почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план за сите членови на генерацијата, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата.

“Горд сум што A1 Way Up е програма препознена меѓу младите луѓе за што говори и големиот број пријави што пристигнаа на објавениот повик. Во избраните 15 таленти препознавме потенцијал за развој и особено сме среќни што тоа се кандидати кои сакаат да ги покажат своите дигитални вештини стекнати во образовниот процес и кои се подготвени да учат уште повеќе од докажани професионалци во својата област во А1,” изјави Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

A1 Way Up е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните практиканти,  дел од A1 WayUp ги добиваат истите бенефитиво поглед на учење, развој и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.

ПР објава