Официјално е најубавата жена во универзумот, а нејзините фотки се сериозно фотошопирани: Разликата меѓу неа на Инстаграм и во живо е фрапантна
Таа пред два дена официјално стана Мис Универзум на изборот во Њу Орлеанс
Американката „R'Bonnie Gabriel“ на многу начини ја промени историјата на натпреварите за убавина, но за жал нејзините фотографии се „украсени“ и со фотошоп.
Габриел беше фотографирана синоќа во Њујорк откако ја снимаше емисијата „Добро утро Америка“. Таа изгледаше прекрасно во елегантен аутфит и со фризура која ги истакна нејзините црти.
Но, ниту тој изглед не е доволно добар за Инстаграм. На официјалниот профил на „misstxus“ има бројни фотографии од оваа мисица која пред круната на Мис Универзум беше прогласена за најубава Американка.
Како што рековме, дури и убавината што ѝ ја донесе титулата не може да ги исполни стандардите на Инстаграм. А како би било кога на оваа социјална мрежа се форсира вештачки, наводно совршен изглед, кој можете да го имитирате или со фотошоп или со бројни пластични операции.