„Официјално имам два дома сега“: Хелена Роза со убави вести
Поранешната телевизиска водителка и сестра на пејачата Ребека, Хелена Роза има убав и посебен повод за славење.
Убавата дама се пофали дека конечно добила државјанство од Нов Зеланд. „Официјално имам два дома сега“, напиша таа споделувајќи фотографија од церемонијата на која ѝ е доделено официјално државјанството.
Поранешната водителка, во една прилика изјави дека животот на таа островска земја е мирен и дека е убаво место за живеење, а дека таму луѓето се позитивни и секогаш насмеани.
Инаку атрактивната Хелена повеќе од 8 години живее во Нов Зеланд со нејзиниот партнер Игор, кој е 11 години помлад од неа.
Тие се во брак 15 години и го имаат и синот Тијан.
А, ќерката Кјара од првиот брак на Хелена во август годинава се венча со нејзиниот свршеник Стефан Поуни.
Фото: Инстаграм