Официјално претставен новиот Štip City Mall
На атрактивна локација на самиот влез на градот Штип, привршува изградбата на најголемиот регионален трговски центар во Источна Македонија – Štip City Mall. Пред точно една година инвеститорот компанијата ДИК ФАГУС ги постави темелите на новиот објект, со што започна градежниот процес за изградба на најсовремен трговски центар во град Штип. Сега тој процес е во својата завршна фаза и наскоро ќе биде објавено и свеченото отворање кое ќе се случи на есен 2022 година.
Денес по тој повод во хотел DoubleTree by Hilton се реализираше и првата презентација на која сите потенцијални закупци имаа можност и одблиску да се запознаат со сите детали за Štip City Mall. Презентацијата ја водеше Васко Давидовски, извршен директор и сосопственик на овластената лизинг агенција Brick and Mortar, која заедно со инвеститорот, се грижат овој проект да биде успешен и на едно место да ги соберат сите познати светски и локални брендови и да понудат содржини карактеристични на модерното и урбано живеење.
За време на настанот присуствуваше и градоначалникот на град Штип г.Иван Јорданов кој истакна - На мене како Градоначалник на Општина Штип ми од исклучително големо значење да отвориме трговски центар каде ќе има познати брендови, кои ќе го зголемат разнообразието и изборот при купување, ќе ја зајакнат конкурентноста меѓу компаниите и ќе учествуваат во развојот на локалната економија.
Колку ни е поширока палетата на избор, толку ќе имаме позадоволни и посреќни градови, а тоа е мојата визија за Штип!
Инвеститор на овој проект е Горан Јордев кој е еден од косопствениците на најголемата дрвопреработувачка компанија ДИК ФАГУС – Пехчево, компанија во сопственост на Пеком инжињеринг, која 30 години успешно работи во Штип.
„Многу сме среќни што успеавме да ја оправдаме довербата и со многу брзо темпо да стигнеме до оваа фаза во која денес веќе со конкретен план и понда можеме да се претставиме пред идните потенцијални закупци. Имаме одличен квалитетен проект односно трговски центар со светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржиниво срцето на Источна Македонија“ – изјави сопственикот на Штип Сити Мол г. Горан Јордев.
Објектот се протега на вкупна површина од 12.780м², распоредени во 5 нивоа, и нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата идеја за еден светски мултифункционален објект. Ниво -1 е наменето за супермаркет, а покрај него има резервиран простор за паркинг места и магацини. Приземјето и првиот кат ќе бидат исполнети со содржини од лидерите од секој сегмент на трговско услужниот сектор - модни брендови, спортска опрема, накит и часовници, козметика, ИТ опрема и телекомуникации, аптеки и останати видови содржини како и кафуле за кафе-муабет со пријателите и бизнис средби.
Вториот и третиот кат, пак, се предвидени за деловен простор за домаќинство, ресторани, книжарници, кино-сала, ноќен бар, како и детски катчиња со едукативнозабавен карактер.
Покрај тоа што целиот регион Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, Радовиш и Струмица ќе добијат ваков ултра модерен мол, воедно и ќе се отворат повеќе од 250 нови работни места, кој позитивно ќе влијаат на целата економија.
ПР објава