Омиленото Гранд Кафе се произведува во Македонија!
Дали сте знаеле дека во нашето Скопје, се произведува еден од омилените балкански брендови Гранд Кафе!
Во модерниот и современ погон во Скопје се произведуваат 29 различни производи. Тука пристигнува најквалитетното сурово кафе од типот Арабика и Робуста, директно донесено од најдобрите плантажи за кафе во Бразил, од каде рачно, внимателно и навремено е собрано, без притоа плодот да биде оштетен.
Суровото кафе се пржи под посебни услови, на температури над 220 степени, комбинирајќи високи темепратури со жежок воздух, со цел да се добијат најдобрите ароматични својства од кафето.Целиот процес е автоматизиран, подлежи на постојани контроли, се со цел да се добие квалитетен финален производ, свежо мелено кафе, според вкусот и желбите на потрошувачите.
Имплементиран е НАССР систем за безбедност, а производството се одвива според строгиот ИСО 9001 стандард. Toa е гаранција дека во Атлантик Група во чиј состав е Гранд Кафе управувањето со квалитетот е поставено на високо ниво. Производите се пакуваат во во специјални услови, во заштитена атмосфера без кислород, со цел да се постигне долготрајна свежина.
Дистрибутерот Атлантик Трејд има развиено одлична транспортна мрежа, со цел свежо меленото кафе, брзо, навремено и безбедно пристигне до местата на продажба, а оттука и до потрошувачите.3
Пиењето свежо мелено кафе отсекогаш преставувало култ на рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток!
Навистина има нешто во врска со таа прва голтка силно, вкусно свежо мелено кафе што ги буди нашите рецептори за вкус во устата и полека чувството на задоволство се шири низ целото тело, се активира мозокот и веќе сме подготвени за дневните предизвици.
На потрошувачите им е важна свежината на кафето, аромата, и полниот вкус кој го овозможува свежо меленото кафе. Токму затоа не е сеедно какво кафе пиете!
Свежо меленото кафе се враќа во мода и е уште поголем повод за зближување меѓу луѓето.