Он-лајн супермаркетите со зголемена работа за повеќе од седум до осум пати
Интернет супермаркетите во Македонија се оптоварени со онлајн-нарачки со вонредната состојба што ја погоди и нашата земја и превентивните здравствени мерки кои имаат влијание како на начинот на купување, така и на самата хипер-побарувачка за одредени производи. Доколку нарачата сега достава до вашиот дом, производите најверојатно ќе ви пристигнат дури пред или на почетокот на април.
Paket.mk е интернет супермаркет кој овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава. Сервисот е едноставен за користење, но во овој момент велат од таму дека побарувачката е зголемена за седум до осум пати повеќе и дека последните што нарачале ќе ги чекаат своите производи до следниот понеделник.
- Во овој момент потребен ни е десет пати поголем капацитет за да можеме веднаш да ги услужиме купувачите без да чекаат толку време. Инаку, до сега стандардно клиентите беа ценовно сензитивни со брз начин на живеење. Но во последно време имаме многу нови купувачи, а и самиот обем на она што се купува во една нарачка е зголемен и се купува речиси се што нудиме, вели Драган Јосифовски, управителот на Paket.mk.
E-commerce проектот на Paket.mk трае две години, а Јосифовски вели дека добро нешто што може да се извлече од актуелната ситуација со кризата е тоа што ги натерала потенцијалните купувачи да научат дека може да се купува и преку интернет.
- Во овој период нарачките се смирија до извесен степен, за разлика од изминатите недели кога наголемо се трупаа залихи. И покрај тоа, ние го шириме нашиот капацитет. Имаме 20 работници, а во моментов бараме дополнителна работна сила. Работиме 24 часа во три смени, а доставата барем до сега беше од 10 до 22 часот. Сега работите се сменија со новите мерки и ние чекаме да видиме што ќе ни се дозволи, а што не, дополнува Јосифовски.
Подружницата e-tinex.mk на Тинекс-МТ овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во самите маркети преку електронски пат за сметка од најмалку 300 денари. И од таму за „Фактор“ велат дека оние што нарачувале во текот на вчерашниот ден ќе треба да ја чекаат доставата до 1 или 2 април, бидејќи се зафатени сите слотови.
Дали ќе го прошират капациетот он-лајн продавниците прочитајте на Фактор.мк