Оригинален рецепт за македонски пинџур: Зимница без која не може да се замисли зимата
Поубаво од лутеница, сериозна конкуренција на ајварот
Заедно со ајварот и лутеница, пинџурот е зимница без која не може да се замисли домашна зима на нашите простори. Пинџур е јадење со македонско потекло , но рецептот брзо се прошири низ целиот Балкан.
Специјалитетот од југ , како пишуваат соседите ги краси масите во сите поранешни југословенски републики, а во многу куќи се јаде и се сака „рамо до рамо“ со ајварот.
Состојки:
-1,5 кг печени пиперки
-800 гр печен патлиџан
-400 мл густ сок од домати
-50 гр лук
-3-4 дл масло
-40 гр сол
-1 лажица шеќер
-1 лажица оцет
-2 лути пиперки (по избор)
Подготовка:
Испечете ги пиперките и модриот патлиџан и излупете ги. Сомелете го модриот патлиџан и лукот. Исечкајте ги пиперките. Ако ви е полесно, можете да ја исцепкате пиперката наместо да ја сецкате.
Загрејте го маслото во тава, а потоа додадете ја пиперката.
Пржете околу 15 минути, потоа додадете модар патлиџан и постепено додајте ги доматите. Динстајте на тивок оган околу половина час.
Промешувајте често, бидејќи модриот патлиџан лесно се лепи. На крајот, додадете сол, шеќер и оцет. Варете уште една минута, а потоа истурете во стерилизирани тегли. Оставете да се излади.
Пријатно!
Фото: Принтскрин Јутујб