„Орка Холдинг“ со импозантен успех – преку „Аџибадем Систина“ влегува и во здравствениот сектор во Србија
„Аџибадем“ е дел од втората најголема здравствена групација во Светот според пазарна капатализација IHH Healthcare Bernard која има водечки пазарни позиции на домашните пазари во Сингапур, Малезија и Турција, а исто така има здравствени услуги и инвестиции во Народна Република Кина (со исклучок на Хонг Конг, Макао и Тајван), Индија, Хонг Конг, Македонија, Бугарија, Холандија и Брунеи.
IHH Healthcare Bernard рангирана е и на главните пазари на Bursa Malaysia Securities Berhad и Сингапурска берза Singapore Exchange Securities Trading Limited.
Преку својата подружница „Аџибадем Сити Клиник“ која е субјект за поддржување на инвестициите на ,,Аџибадем“ во Источна Европа со огромна гордост објавува дека ги заврши преговорите за аквизиција на 70 отсто на српската групација „Бел Медик Груп“ со своите подружници. Содружници во ,,Аџибадем Сити Клиник’’ покрај групацијата „Орка Холдинг’’ заедно со КБ ,,Аџибадем Систина’’ се и здравствениот турски гигант ,,Аџибадем’’, Светската банка и група на бугарски инвеститори.
За потсетување, во 2016 година ,,Орка Холдинг’’заедно со Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’ преку ентитетот ,,Аџибадем Сити Клиник’’ учествуваше во преземањето на најголемата приватна здравствена установа во Бугарија болницата „Токуда“, заедно со нејзините подружници - „Токуда Груп’’ и потпишаа договор за спојување со „Сити Клиник“’ кој тогаш беше втор здравствен оператор во Бугарија. Денес, со аквизицијата на 70 отсто на српската групација ,,Бел Медик Груп’’ со нејзините подружници, „Аџибадем“ ја вбројува и Србија во своето европско портфолио како 4-та земја на чиј пазар зема учество. Ова проширување кое преставува влез во здравствениот сектор во Србија е огромен успех за ,,Аџибадем’’ и ,,Аџибадем Систина’’ во нивното делување во регионот.
„Постојаната заложба за квалитетно и модерно здравство со кое ,,Аџибадем Систина’’ ги подигна стандардите за здравствена грижа во Македонија се достигнувања кои несомнено откако во Бугарија е направена големата инвестиција на „Орка Холдинг“ преку „Аџибадем Систина“ во изминативе 5 години, директно се отсликаа и во работењето во Бугарија. Групацијата „Орка Холдинг“ покрај активните инвестиции кои ги има во земјата, вработувањето на повеќе од 2.500 луѓе во 15 компании и покрај големите инвестиции во Бугарија со овој голем чекор и проширувањето на своето делување и во Република Србија докажува дека е подготвена и способна да делува во насока своите достигнувања да ги пренесува и унапредува и на регионално ниво. Вложувањето не само во земјата туку и во регионот, особено во периодот кога ковид кризата секаде во светот ги забави инвестициите, го сметаме за огромен успех и значаен чекор во стратегијата на „Орка Холдинг“’ и „Аџибадем Систина“. Веруваме дека овие заложби се широко препознаени како што е препознаен и нашиот квалитет и професионалноста со кои се одликуваме и поради кои сме и избрани да бидеме клучни, стратешки партнери при вакви сериозни регионални подвизи“ – вели Антоније Мариноски, генерален директор на Орка Холдинг.
Проширувањето на позициите на ,,Аџибадем Сити Клиник’’ кон Западен Балкан резултираше со партнерство со српскиот ,,Бел Медик Груп’’ кој управува со една болница и пет амбуланти и е еден од клучните провајдери на приватни медицински услуги на српскиот пазар.
Новата ,,Аџибадем Бел Медик’’ во Белград ќе биде 6-тата болница во Европа на ,,Аџибадем’’ и 22- ра болница како дел од групацијата која во 5 држави опслужува просечно по 5 милиони пациенти годишно.
Според Г-динот Мехмет Али Ајдинлар кој e основач и претседател на „Аџибадем“ партнерство со ,,Бел Медик’’, како еден од клучните даватели на здравствени услуги во земјата, ќе помогне во пренесување на знаењето на ,,Аџибадем’’ во Србија со што нивото на пружање здравствени услуги во Србија ќе биде издигнато многу повисоко, водено од синергиите што ќе се создадат со ,,Бел Медик’“.
„Исклучително сме возбудени што понатаму ќе го прошириме нашето работење на Западен Балкан. Веруваме дека настојувањето на нашата групација за извонредност и првокласна услуга на пациентите ќе има позитивен придонес на српскиот пазар на здравствена заштита“ – вели Г-дин Ангел Ангелов, главен извршен директор на „Аџибадем Сити Клиник Б.В.“,
За г-ѓа Јасмина Кнежевиќ, основач и главен извршен директор на „Бел Медик“ претставува огромно задоволство што ‘Бел Медик’ успешно стапи во партнерство со синџир болници од светски ранг.
„Според мене, од клучно значење е двете наши институции да ги делат истите основни вредности со фокус на врвната медицина, одлична грижа за пациентот и задоволство. Сигурна сум дека стратешкото спојување на двата силни бренда ‘Бел Медик’ и ‘Аџибадем’ ќе донесе здравствена заштита од врвна класа, како и важно влијание врз српската економија” вели Кнежевиќ.
Глобално, ова спојување ги зголемува капацитетите на ,,Аџибадем’’ групацијата на повеќе од 4.200 кревети, приближно 22.500 вработени вклучувајќи 4000 доктори, 4500 медицински сестри и останат медицински и немедицински персонал.
Пр објава