ОСЛАБЕВ 65 КИЛОГРАМИ И СРЕЌНО СЕ ОМАЖИВ: Потресна приказна на Мелиса Моуванд
На само 18 години, Мелиса Моуванд од Австралија имала 135 килограми и едниствено што можела да носи е облека за бремени жени. Спрема австралијанскиот страндард, носела конфекциски број 25, што според европски е 52.
Денес, со 29 години, Мелиса има 70 килограми и влегува во бројот 40
Денес, со 29 години, Мелиса има 70 килограми и влегува во бројот 40. За порталот News.com.au таа раскажа дека нејзините проблеми со тежината почнале уште кога била двеојче. Вели дека била опседната со храната.
„Уште како дете, имав навика во својата спална соба навечер да си однесам храна, за да можам да јадам преку ноќ. Тоа често беа крофни, некоја брза храна, чоколадо и газирани пијалоци“', раскажа Мелиса. Со таквиот начин на исхрана, таа стасала со 135 килограми.
Докторите ми рекоа дека со тоа темпо можам да доживеам срцев удар и оти сум на работ да станам дијабетичар
„Кога докторите ми рекоа дека со тоа темпо можам да доживеам срцев удар и оти сум на работ да станам дијабетичар, сфатив дека морам да се сменам“, е дел од приказната на Мелиса. Со години, таа се обидувала со различни диети и со план на вежбање. Тежината постојано ѝ варирала, меѓутоа, пред пет години, нашла најдобар начин за слабеење. Тој вклучува броење на калории, и контролиран внес на јаглехидрати, протеини и масти.
Моуванд денеска селективно пости, и јаде многу протеини и здрави масти. Редовно вежба за да ги зајакне мускулите.
„ Одев на фитнес во своите труднички алишта. Стоев во последниот ред, зад другите жени, затоа што ми беше срам. Но, давав сѐ од себе“, вели Мелиса. Многу брзо, таа се префрлила на чело на својата фитнес група и вели дека не може да верува колку брзо се движи нејзиното тело сега. Мелиса совен тежината, го сменила и карактерот.
„ Порано бев срамежлива и затворена. Сега сум полна со самодоверба и среќна“, раскажа Мелиса. Лани, таа ја пронајде среќата и во љубовта. Се омажи за Едвард Моуванд. На сите кои сакаат да ослабат, таа им советува да одат постепено.