Осмомартовски шопинг со American Express картичките на Силк Роуд Банка
По повод месецот на жената март, корисниците на American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка добиваат и до неверојатни 15% поврат на средствата („cashback“) при трансакции направени кај доленаведените партнери.
Имено, со секоја трансакција со American Express картичките направена на ПОС терминал од 05.03. до 20.03.2021 година кај подолу наведените трговци корисниците добиваат поврат на средства, и тоа:
-Sara Fashion- 15% поврат на средства,
-АД Европа- 10% поврат на средствата,
-Parfois, Mango и Women’secret – 10% поврат на средства,
-Еликсир парфимерии – 15% поврат на средства, и
-Flower Atelje цвеќарница (ТЦ Беверли Хилс) – 10% поврат на средства.
Силк Роуд Банка АД Скопје е единствен и ексклузивен издавач во државата на меѓународно признатиот бренд Аmerican Express.
Во тек е и промотивна кампања за American Express Green кредитната картичка каде што со секоја апликација за картичката до 31 Март корисниците добиваат дополнителни 500 денари бонус и се целосно ослободени од годишна членарина за првата година, како и намалени трошоци од 50% за членарина за втората година.
Банката на сите припаднички на понежниот пол им го честита претстојниот празник 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
ПР објава