Останаа само голи ѕидови: Вака изгледа куќата во која Есма Реџепова нахрани 48 деца (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Youtube/screenshoot/RTV KLAN/Nikad nije kasno

Некогаш прекрасна вила, денес изгледа како руина. Недостасуваат и некои врати и прозорци.

Куќата на легендарната Есма Реџепова, некогаш прекрасна вила во која пејачката одгледа 48 деца, веќе не изгледа како порано. Наводно, украдено е се' што имало во 750 метри квадратни, а недостасуваат дури и некои врати и прозорци.

Исто така, имотот кој се простира на 1.300 метри квадратни е тотално запуштен, обраснат со плевел, пренесува српскиот медиум „Свет-Скандал“.
Инаку, овде требаше да биде Музејот и домот на хуманоста Есма и Стево Теодосовски.

Покојната пејачка, инаку, ја остави оваа куќа на државата, но еден дел од нејзините наследници го оспорија тој тестамент барајќи дел. Но, како што стојат работите, куќата ќе продолжи да се распаѓа.

фото:    Printscreen/YouTube/Kanal5tv
извор:24sedam.rs

ГАЛЕРИЈА: