Откако не си тука, секој твој роденден е рана која не зараснува: Панчо со емотивна посвета за својата почината мајка

Добивај вести на Viber

Панчо од дуто ДНК и посвети емотивна порака на својата мајка Каќуша, која почина пред девет години.

Објавата на Панчо со фотографија е по повод нејзиниот роденден.

„Откако не си тука, секој твој роденден е рана која не зараснува. Ќе останеш мој најголем пораз. Среќен роденден таму горе некаде и запеј им на тие околу тебе“, напиша Панчо.

Тој во многу наврати ја споменува својата мајка и пишува колку таа му недостасува. Панчо и посвети и песна која се најде на еден од албумите на ДНК.

Фото: Инстаграм