Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена: 19-годишник по потекло од Македонија планирал терористички напад

Добивај вести на Viber

Во голема операција во Терница, припадниците на австриската полиција уапсија две лица поврзани со Исламската држава (ИД), кои планирале напади на концертите на Тејлор Свифт во Виена.

Австриската полиција на итно свикана прес-конференција соопшти дека двајца млади момчиња планирале напади во поширокото подрачје на Виена, а една од нивните цели биле концертите на позната светска ѕвезда.

Сега приказната се разоткрива, а една од информациите е дека еден од уапсените е по потекло од Македонија, или како што објаснува полицијата, „има корени од Македонија“.

Според австрискиот медиум „Кронен цајтунг“, двајцата уапсени се австриски државјани, додека постариот, 19-годишен по потекло е од Македонија. Повеќе прочитајте на Фактор.мк


Фото: Youtube - screenshoot