Откриено е што значат боите на албумите на Карлеуша: Зад тоа се крие силна симболика, а цифрата што таа ја даде за само еднн спот е неверојатна
Јелена Карлеуша
објави два албума во рок од седум дена и додека на албумот „Алфа“ доминантни
бои се црната, металната и неонската зелена, на „Омега“ се забележуваат белата
и виолетова боја. Сето тоа не е без причина, што прецизно го објасни еден
обожавател на поп ѕвездата.
- Алфа: црна, метална, неонска. Омега: бела, стаклена, виолетова. Овие бои на албумот „Омега“ се комплементарни/спротивни бои од оние на албумот „Алфа“, објасни момчето, а неговата објава наиде на ентузијазам кај обожавателите.
Инаку, еден од стиловите што ЈК го носи на насловната страница на албумот Омега е магазински модел на хеланки и топ Teri Migler чија цена е повеќе од 1.000 евра, а сè искомбинирала со чизмите на Jimmy Choo кои исто така чинат 1.000 евра.
Од 18-те нови песни, досега има само еден спот и тоа за песната „Karlyb*tch“, кој чинел неверојатни 250.000 евра, што го направи најскап спот на балканот.
Се друго е визуелизатор, а како што објасни најблискиот соработник и пријател на Јелена Зоран Бирташевиќ, тоа е само вовед.
- Визуелизаторите не се замена за видеото. Тие се вовед во специјалниот настан - напиша тој на Твитер.
Фото: youtube/screenshot