Отворен е реновираниот Супер Тинекс маркет Годел: Посебен акцент е ставен на комодитетот и врвната естетика на ентериерот

Компанијата „Тинекс“ од денес, 26.11.2021 повторно отвора уште еден во низата реновирани, модерни, најснабдени маркети, тоа е „Супер Тинекс Годел“ на ул. „Перо Наков” бр. 108

Покрај големиот асортиман на производи кои „Тинекс“ ги нуди на своите потрошувачи, „Тинекс“ става посебен акцент и на комодитетот и врвната естетика на ентериерот во самиот маркет. Особено внимание посветува на изборот на материјали од кои се изработени внатрешните елементи кои ги задоволуваат сите светски стандарди, а посебно се лесни за одржување и дезинфекција што е секако многу важно во време на пандемија. Специјално избрани светлечки тела кои покрај нивната примарна намена да осветлуваат идеално се вклопуваат во целиот амбиент. За уште полесно навигирање низ полиците поставени се и ознаки со беспрекорна естетика и јаснотија кои на купувачот му помагаат полесно да се снајде низ „морето“ од артикли.

Покрај редовните оддели, располага со оддел за органска и здрава храна, голема и модерна пиљара каде што може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара од која во секое време може да се снабдите со свеж леб и топли бели печива и др., месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“.

„Тинекс“ маркетот по реновирањето располага со продажен простор од 1000 м2 и има вкупно 35 вработени. Потрошувачите ги опслужуваат 5 наплатни каси. Во склоп на Супер Тинекс маркетот е отворена и аптека „Галениум фарм“, а наскоро се отвора и продавница за опремување на домот „Aџико“.

Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано подготвува ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот се организирани многу поволности, изненадувања и подароци.

* ПР - објава